Генералните менаџери на НБА тимовите ги посочија нивните фаворити за освојување на наградата – „Руки на годината“.
Станува збор за избор на најдобрите дебитанти во сезоната која доаѓа. На првото место како главен фаворит е поставен Камерон Бузер, играчот на Мемфис кој добил 50 проценти од гласовите.
Веднаш до него е Кејлеб Вилсон од Чикаго – 20, трет во рангирањето е Еј-Џеј Дибанза кој ќе игра за Вашингтон со 17 додека Дарин Петерсон од Јута има 13 проценти шанса да дојде до награта – дебитант на годината.

