Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Ракометарките се собраа пред турнирот во Турција
    Ракомет

    Ракометарките се собраа пред турнирот во Турција

    sasoBy saso19/10/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа собирот во хотелот „Three Corner“ во Скопје, во пресрет на претстојните репрезентативни обврски и настапот на Европското првенство 2026.

    Како дел од подготовките за континенталниот шампионат, македонските ракометарки од 27 до 29 ноември ќе настапат на меѓународен турнир во Турција. Македонија ќе игра против Финска, Италија и домаќинот Турција.

    Европското првенство ќе се одржи во декември, а натпреварите од групната фаза Македонија ќе ги игра во Клуж-Напока, Романија. Нашата селекција за противници ќе ги има Швајцарија, Романија и Норвешка.

    Македонија ќе го отвори настапот на 4 декември против Швајцарија, на 6 декември ќе се соочи со Романија, а групната фаза ќе ја заврши на 8 декември против Норвешка.

    Турнирот во Турција ќе биде важна проверка за избраничките на селекторот, кои ќе имаат можност да ја подигнат формата и да ги усогласат последните детали пред предизвиците на Европското првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.