Челниците на кошаркарскиот состав, Лос Анџелес Лејкерс, го избришаа Далтон Кнет од списокот за наредната сезона во НБА лигата.
17-от пик на драфтот во 2024 година имаше добар старт но, неговата улога во тимот постепено се намалуваше.
Тој постигнуваше во просек 9,1 поен за 19 минути на теренот но, потоа беше потиснат од Џеј Џеј Редик и добиваше само скромна минутажа.

