Ракометарите на Вардар денеска ги очекува нов европски предизвик. „Црвено-црните“ му гостуваат на францускиот Нант во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите, со задача да освојат бодови што би им оставиле шанса за подобра позиција во продолжението од сезоната.
Нант се бори за место во ТОП 12 и ќе сака да ја искористи предноста на домашниот терен, додека Вардар има свои математички шанси за третото место во групата. За тоа, покрај победа на македонскиот претставник, потребно е и Мелсунген да загуби од Висла Плоцк.
Третата позиција е особено важна за Вардар, бидејќи носи привилегирана позиција при ждрепката за елиминациската фаза од Лигата на Европа. Затоа, дуелот во Франција има големо значење за амбициите на скопскиот тим, кој ќе мора да одигра максимално концентрирано против квалитетниот противник.
Покрај средбата меѓу Нант и Вардар, денеска на програмата се уште шест натпревари од Лигата на шампионите. Посебно внимание привлекува дуелот меѓу Веспрем и Фуксе Берлин, кој се очекува да донесе неизвесна и квалитетна ракометна пресметка.

