Кошаркарот на Торонто, Кавај Ленард, имаше блескава партија на мечот со Чикаго. Тој забележа 23 поени, шест скокови и четири украдени топки а неговиот тим славеше преубедливо со 135-92.
„Не можевме да посакаме подобар натпревар. Победивме, демонстриравме одлична тимска работа во одбраната и имавме одлични офанзивни пробиви“ – вели Ленард.
„Сè уште учам да играм со моите нови соиграчи, навикнувајќи се на напаѓачките шеми и одбранбените формации“ – потенцираше Ленард.

