Кошаркарот на Мемфис, Тај Џером, успеа да го собори клупскиот рекорд на Џа Морант за најмногу постигнати поени на отворањето на сезоната во НБА лигата.
Мемфис славеше убедливо против Јута со 123 спрема 103 а Џером стигна и до личен рекорд во кариерата откако забележа 45 поени, 7 скока и 6 асистенции.
Новајлијата во тимот на „сонцата“, Камерон Бузер имаше 7 поени, 11 скока и 5 асистенции. Кај противникот се издвои Кејонте Џорџ со 22 коша и 5 асистенции.

