Ракометарите на Вардар в среда ќе го пречекаат Мелсунген во последниот сезонски натпревар во Лигата на шампионите.
Тренерот, Иван Чупиќ, вели дека сакаат со победа да се простат од Европа откако „црвено-црните“ ги загубија шансите да продолжат во наредната фаза.
„Не чека за жал последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген ќе дојде во Скопје да обезбеди пласман во главната фаза. По два пораза дома, гордоста ни е повредена и на нас и на навивачите и токму тие заслужуваат со победа да ја завршиме Лигата на шампионите“ – вели Чупиќ.

