Поентерот на Јутa, Џарен Џексон, ќе отсуствува од шест до осум недели поради скинат медијален колатерален лигамент на десното колено.
27-годишникот нема да биде подложен на операција. Тој се повреди во почетокот на втората четвртина од натпреварот против Мемфис.
Играчот на „џезерите“ помина на теренот само 10 минути, запишувајќи 6 поени, 3 скока и 2 асистенции.

