Челниците на Жалгирис набрзо ќе решат дали ќе го задржат во тимот кошаркарот, Кинан Еванс, кој деновиве беше ангажиран од екипата на Лондон Лајонс.
Доколку бекот не успее да се етаблира во ротацијата, ќе мора да се врати во Англија. Ќе потсетиме дека Еванс направи кам-бек во Каунас по повредата на Најџел Вилијамс-Гос.
Според проценките, стартниот плејмејкер на тимот може да отсуствува повеќе од еден месец поради повреда на тетивата.

