Центарот, Бам Адебајо, стана рекордер по остварени скокови во историјата на Мајами откако го надмина долгогодишниот капитен на тимот, Удонис Хаслем.
Историското достигнување беше поставено на гостински терен кај Атланта кога Бам запиша девет скока и 24 поени.
„Знаете, навистина не можам да го опишам тоа со зборови. Човекот кого го победив беше многу близок со мене во текот на моите 10 години или од моментот кога првпат влегов низ вратата“, рече Адебајо.

