Виктор Петровски е нов селектор на нашата најдобра женска кошаркарска репрезентација, објави денеска КФМ.
Тој доаѓа на местото на Александар Ашаданов, кој од лични причини одлучи да ја напушти селекторска функција. Петровски е најмлад главен тренер во македонската кошарка кој освоил сениорска национална шампионска титула како и најмлад тренер освојувач на Супер-купот.
КФМ воедно им се заблагодари и на пет кошаркарки кои се повлекоа од репрезентацијата. Тоа се: Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова.

