Вардар славеше победа од 31:23 (15:12) во првото вечно дерби сезонава, откако го совлада големиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките на македонската ракометна Суперлига.
„Црвено-црните“ ја потврдија одличната форма и продолжија со успешните настапи во домашното првенство.
За Вардар ова беше особено важен триумф, не само поради престижот, туку и поради бодовите во трката за шампионската титула.
Скопскиот тим влезе во дербито како лидер на табелата, со максимален учинок во досегашниот дел од сезоната, сега веќе има 9 победи од 9 одиграни натпревари.
Еурофарм Пелистер, пак, сакаше да му го нанесе првиот пораз на големиот ривал, но не успеа во својата намера.
Со оваа победа Вардар дополнително ја потврди доминацијата во досегашниот тек на сезоната и испрати силна порака до конкуренцијата.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Љевар со 7, Да Силва со 6 и Фадуил 4 шпгодоци, додека кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски постигна 9 гола, а Пешевски 4.

