По повеќе од 13,5 години заедничка работа, тенискиот тренер Димитар Лабудовиќ со објава на социјалните мрежи ја најави разделбата со најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.
Лабудовиќ на својот Инстаграм-профил објави порака во која ги сумираше заедничките 13 и пол години, исполнети со успеси, тешки моменти, повреди и враќања на тениските терени. За периодот кој го поминаа заедно на тениските терени и нејзината професионална кариера се осврна во објавата:
„Секое патување има своја крајна дестинација. По 13 и пол години, 62 титули на професионалната турнеја и патот од најниските турнири до главниот турнир на Вимблдон, сега можам гордо да кажам дека завршивме одлична работа. Испишавме историја за нашата земја. Беше најголемо задоволство да можам да работам со тебе како тенисерка, но пред сè со личност како тебе. Ти благодарам за сè, Лина“, напиша Лабудовиќ.

