Словенечкиот среден бек Јака Малус по завршувањето на актуелната сезона ќе го напушти Вардар 1961 и кариерата ќе ја продолжи во швајцарскиот Луцерн, пишуваат денеска словенечките медиуми.
Иако во изминатиот период се шпекулираше дека 30-годишниот ракометар би можел да се врати во Словенија, неговата следна дестинација сепак ќе биде Швајцарија.
Вардар се обидел да го задржи еден од своите најважни играчи, дури и со понуда за повисока плата, но не успеал да постигне договор за продолжување на соработката. Според информациите, во Луцерн Малус ќе заработува двојно повеќе од сегашната плата во Вардар, што се смета за еден од клучните фактори при изборот на новата средина.

