Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    Фудбал

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    risteBy riste16/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите. Противник е Словенија, а дуелот од шестото коло во групата Б1 започнува во 20:45 часот.

    Избраниците на Гоце Седлоски сакаат со позитивен резултат да го завршат настапот во ова натпреварување, во кое досега имаат пет порази од исто толку натпревари и се без освоен бод. Македонија загуби од Швајцарија, Словенија и Шкотска, а единствениот погодок во досегашниот тек го постигна Елмин Растодер во Глазгов, во поразот од 1:2.

    Ситуацијата на табелата веќе е јасна – Македонија ќе заврши на последното место и ќе мора преку мартовски бараж да го бара опстанокот во Б-лигата. Потенцијални противници ќе бидат второпласираните селекции од групите во Лига Ц. Меѓу можните ривали се Кипар, Албанија или Белорусија, Молдавија или Фарските Острови, како и Естонија.

    Словенија, од друга страна, има мотив да ја задржи втората позиција во групата и да ја заврши сезоната со уште еден добар резултат. Во претходниот меѓусебен дуел во Љубљана славеше со 2:0.

    За Македонија, ова е повеќе од обичен натпревар за бодови. По разочарувачката сезона во Лигата на нации, на репрезентацијата ѝ е потребна победа за враќање на самодовербата, подобрување на атмосферата и испраќање поинаква порака пред мартовскиот предизвик.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Чурлинов и Митровски: Мора да дадеме максимум за победа

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.