Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеј Џеј Габриел, иако има само 16 години ќе може да потпише професионален договор со шпанскиот елитен состав Реал Мадрид.
Имено, постои правило во ФИФА кое им овозможува на европските клубови да ги врзат младите играчи со професионални договори ако имаат европски пасош иако потекнуваат од други земји.
Неговиот татко, Џо О’Кирел, е поранешен професионален фудбалер кој настапувал за Република Ирска додека неговата мајка потекнува од Кипар.

