Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, во текот на денов со приватен авион треба да пристигне во Англија.
Тој во ноќта зад нас го имаше последниот меч на кормилото на репрезентацијата на САД по што се врати во Европа.
Аргентинецот ќе дебитира против Ливерпул на 22 ноември на „Енфилд“. Веднаш потоа ќе го очекува и меч со Спортинг во Лигата на шампионите.

