Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Има некој и зад нас , Грузија заврши без постигнат гол во Лигата на нации!
    Фудбал

    Има некој и зад нас , Грузија заврши без постигнат гол во Лигата на нации!

    risteBy riste18/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Грузија испиша негативна страница во својата историја, откако групната фаза во Лигата на нации ја заврши без ниту еден постигнат гол на шест натпревари. Грузијците забележаа две нерешени средби и четири порази, со гол-разлика од 0:5, освојувајќи само два бода во групата Б2.

    Последниот пораз го претрпеа од Украина со 1:0, а единствениот гол беше постигнат уште во првата минута од натпреварот. Претходно загубија од Северна Ирска и Унгарија, додека со Украина и Северна Ирска одиграа без голови.

    Така, селекцијата предводена од Вили Сањол го заврши натпреварувањето на последното место и ја потврди една од најлошите серии во поновата историја на репрезентацијата. За одбележување е тоа што Македонија исто така е во најлоша серија на порази, со таа разлика што ние постигнавме 1 гол, но примивмe дури 15.

    За двете селекции е заедничко што последната победа ја имаа остварено во септември 2025 година, тогаш Македонија го победи Лихтенштајн со 5:0.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Фудбалерите континуирано се спуштаат на ФИФА листата

    17/11/2026

    Џерард: Бруно треба да има добра релација со Покетино

    17/11/2026

    Рајс ќе остане верен на англискиот шампион

    17/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Таунс постави клупски рекорд
    • Има некој и зад нас , Грузија заврши без постигнат гол во Лигата на нации!
    • Митревски: „Уживање беше да се игра ваков натпревар, пред ваква публика“
    • Червар: „Беше тежок натпревар, не е лесно да се победи бундеслигаш“
    • Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт до победа против Гумерсбах и прва победа во Европската лига!
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.