Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Червар: „Беше тежок натпревар, не е лесно да се победи бундеслигаш“
    Ракомет

    Червар: „Беше тежок натпревар, не е лесно да се победи бундеслигаш“

    risteBy riste18/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Предводникот на Еурофарм Пелистер, Лино Червар ја запиша првата победа на клупата на Еурофарм Пелистер на меѓународна сцена. Синоќа во Битола домашната екипа беше подобра од бундеслигашот Гумерсбах, иако на полувреме гостите имаа позитива од пет гола (29:28). 

    Со овој триумф Еурофарм Пелистер ги задржува шансите за пласман во следната фаза, а Лино Червар истакна дека е горд на своите момци и среќен на освоените бодови.

    „Беше тежок, многу тежок натпревар. Но, сакам да ѝ се заблагодарам на нашата публика. Честитки за играчите, ова е голема победа. Да победиш германска екипа не е мала работа. Имавме пет гола негатива, требаше да се врати екипата, а тоа беше еден голем предизвик за сите нас. Но, требаше да ѝ се даде едно вакво задоволство на битолската публика.  Ова е голема победа, но за два дена имаме нов тежок натпревар против Алкалоид, па следува Охрид. Затоа немаме многу време за славје, иако ова е една многу убава вечер. Задоволен сум и среќен сум за Битола, за луѓето кои овде ме примија многу убаво. Секогаш велам дека тимот е најдобриот играч, а вечерва таков беше нашиот тим“, рече Червар по натпреварот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Митревски: „Уживање беше да се игра ваков натпревар, пред ваква публика“

    18/11/2026

    Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт до победа против Гумерсбах и прва победа во Европската лига!

    17/11/2026

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Митревски: „Уживање беше да се игра ваков натпревар, пред ваква публика“
    • Червар: „Беше тежок натпревар, не е лесно да се победи бундеслигаш“
    • Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт до победа против Гумерсбах и прва победа во Европската лига!
    • Фудбалерите континуирано се спуштаат на ФИФА листата
    • Грин: Јаксел треба да остане мирен и кога губиме
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.