Познатиот коментатор, Бил Симонс, проценува дека Хјустон има доволно финансии и може да се обиде да го ангажира трикратниот МВП на НБА, Никола Јокиќ, од екипата на Денвер.
„Тие можат да го вклучат Шенгјун во договорот, би можеле да го додадат Шепард, нивните права за размена на пикови и играчот од првата рунда на Феникс“ – рече Симонс.
„Тие би можеле само да кажат: одиме на надградба од Шенгјун во „Џокер“. Ќе го стават Јокиќ и тој ќе им ги реши сите проблеми офанзивно“, рече Симонс.

