Кошаркарите на Бешикташ вчера направија сензационална победа на натпреварот со шпанскиот гигант Реал Мадрид во Евро-лигата а нивниот тренер, Душан Алимпијевиќ, не крие дека е презадоволен.
„Да уживаме во големата победа. Не знам дали сме свесни дека бевме сведоци на историски момент за клубот. Го победивме Реал Мадрид! “ – рече српскиот тренер.
Турскиот состав сега има шест победи и исто толку порази со што се искачи на 12-то место на табелата во најсилната европска конкуренција.

