Ракометарките на Чаир во осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат против Галичанка Лвов.
Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 9/10 јануари а реваншот е закажан за една недела подоцна во Полска бидејќи украинскиот првак таму ги игра домашние натпревари поради добро позната ситуација во неговата земја.
Галичанка Лвов претходно ги елиминираше литванскиот Жалгирис и Х71 од Фарски Острови додека Чаирчанки откако го скокнаа второто коло во третото два пати славеа против Кјур од Азербејџан.

