Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Официјалнo: Мијатовиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје
    Кошарка

    Официјалнo: Мијатовиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје

    dinoBy dino19/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    МЗТ Скопје Аеродром го назначи српскиот стратег Дејан Мијатовиќ за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот 58-годишен тренер доаѓа на местото на Васко Атанасов, со кого клубот ја прекина соработката пред неколку недели. Заедно со Мијатовиќ во Аеродром пристигнува и неговиот помошник Иван Дробњак.

    Мијатовиќ е роден во Чачак и зад себе има богата тренерска кариера. Неговиот последен ангажман беше во Борац Чачак, каде што работеше од 2022 до 2024 година, а претходно бил тренер и на Ловќен, ОКК Београд и полскиот Баскет Познањ.

    Има и значајно меѓународно искуство како член на стручните штабови на ФМП Железник, Хемофарм, Алба Берлин и Партизан. Особено се издвојуваат неговите успеси со младинските репрезентации. Во 2006 година освои европско злато како помошник во селекцијата до 20 години на Србија и Црна Гора, а една година подоцна беше селектор на јуниорската репрезентација на Србија, со која го освои златниот медал на Европското првенство во Шпанија.

    Пред Мијатовиќ е сериозен предизвик – да го одржи МЗТ Скопје на шампионското ниво во домашното првенство, но и да донесе стабилност и конкурентност во регионалните натпреварувања. Актуелниот македонски шампион со новиот тренерски тандем започнува ново поглавје, со амбиција да продолжи да освојува трофеи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алимпијевиќ: Историска победа!!!

    19/11/2026

    Симонс: Хјустон треба да го ангажира Јокиќ

    19/11/2026

    „Вориорс“ треба да планираат нови играчи, вели Спирс

    19/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Официјалнo: Мијатовиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје
    • Чаирчанки го добија противникот за новата рунда во Европскиот Куп
    • Чеферин имаше само пофалби за ФФМ и Омерагиќ
    • Недев ќе биде дел од светската елита на собирот во Варшава
    • Дибала и Свилар ги надминаа повредите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.