Борусија Дортмунд се соочува со сериозни кадровски проблеми пред продолжението на Бундеслигата по паузата за репрезентативните обврски.
Дури четворица фудбалери се неизвесни за викенд-дуелот против Борусија Менхенгладбах. Станува збор за Серу Гираси, Валдемар Антон, Карни Чуквуемека и Самуеле Инасио. Гираси има проблем со истегнување, додека останатите тројца се жалат на мускулни повреди.
Конечната одлука за нивниот настап ќе биде донесена по последниот тренинг во петок. Отсуството на Гираси би било особено голем удар за нападот на „милионерите“.

