Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“
    Кошарка

    Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

    risteBy riste20/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, во кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.

    Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Кипар, во дуелот од второто коло на групата „Ф“, закажан за 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

    Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Скопје и ќе започнат на 23 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“, со почеток од 11:30 часот.

    Селекторот Берокал и неговиот стручен штаб го објавија следниот список на кошаркари за овој репрезентативен собир.

    СПИСОК НА КОШАРКАРИ

    Ненад Димитријевиќ

    Виктор Ташовски

    Виктор Ефремовски

    Војдан Стојановски

    Лука Стојановски

    Адем Мекиќ

    Стојан Ѓуроски

    Лејсон Зеќири

    Валмир Какруки

    Резарт Мемед

    Тома Стојаноски

    Андреј Маслинко

    Петар Бошалески

    Андреј Андоноски

    Мозес Рајт

    Селектор: Жозеп Марија Берокал

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Капитенот на Работнички ќе плати 200.000 денари за удирање противнички играч

    20/11/2026

    Официјалнo: Мијатовиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје

    19/11/2026

    Алимпијевиќ: Историска победа!!!

    19/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Капитенот на Работнички ќе плати 200.000 денари за удирање противнички играч
    • Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“
    • Македонија против Кипар во борба за опстанок во Лига Б на Лигата на нации
    • Манчестер Јунајтед со строги казни за четворица навивачи
    • Борусија Дортмунд со кадровски проблеми пред дербито со Менхенгладбах
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.