Капитенот на КК Работнички, Виктор Ефремовски, заработи парична казна од 200.000 денари по инцидентот со кошаркарот на МЗТ Скопје, Тадија Тадиќ, по завршувањето на градското дерби во Јане Сандански.
Според извештајот на службените лица, при меѓусебното поздравување на играчите по натпреварот, Ефремовски го удрил Тадиќ. Инцидентот бил пријавен до канцеларијата на Кошаркарската федерација на Македонија. КФМ по разгледувањето на случајот му изрече казна од 200.000 денари.
Ова е една од највисоките индивидуални парични казни во историјата на македонската кошарка. Покрај индивидуалната казна, санкционирани се и двата клуба со парични казни.

