Во рамки на „Laser Run Skopje 2026“, Македонскиот олимписки комитет (МОК) донираше спортска опрема и реквизити за СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје, како дел од своите активности за поттикнување на училишниот и младинскиот спорт и создавање подобри услови за спорт и физичка активност кај младите.

Донацијата е дел и од активностите на МОК за одбележување на 20 Ноември – Светскиот ден на детето, кој ја истакнува важноста на грижата за децата, нивните права, можности и услови за здрав и правилен развој. Токму спортот има значајна улога во овој процес, бидејќи покрај физичката активност, им овозможува на децата да развиваат тимски дух, дисциплина, истрајност, самодоверба и почитување на другите.


Донацијата опфаќа фудбалски и кошаркарски топки, спортски маици, шорцеви и спортски јакни а посебна радост кај учениците предизвикаа и препознатливите олимписки маскоти Шајни.

