Хјустон Рокетс постави нов рекорд за постигнати тројки во региларниот дел од сезоната во НБК лигата. Хјустон вчера загуби на гостувањето кај Сан Антонио и ја прекина серијата на 11 победи во серија, но затоа постигнаа нови тројки кои значеја подобрување на овој рекорд.
Џејмс Харден и неговите соиграчи веќе имаат вкупно 1184 тројки во 77 натпревари во текот на сезоната, а со тоа го подобрија нивниот досегашен рекорд од 1181 тројки од минатата година.
Хјустон, кој е лидер во НБА лигата, сигурно ќе го зголеми сопствениот рекорд на постигнати тројки, бидејќи имат уште пет натпревари кои треба да ги играат до крајот на регуларната сезона.