По одигрувањето на натпреварите синоќа во НБА лигата познати се уште три патника во плеј-офот во НБА конкуренцијата. Сан Антонио, Њу Орлеанс и Оклахома Сити го обезбедија своето учество во плејофот на Западната конференција.
Сан Антонио го победи Сакраменто со 98:85, Руди Гај постигна 18 поени. Неговиот соиграч Ману Џинобиле додаде уште 17 поени за Сан Антонио. Тимот на Спарс ќе игра во плеј-офф на НБА по 21 последователна сезона, а ова е втората најдолга серија на некоја екипа да учествува во плеј-офот во историјата на НБА лигата.
Сан Антонио го изедначи постигнувањето на Портланд помеѓу 1983 и 2003 година. Според овој показател 22 последователни учества во плеј-офот има само Сиракуза Националс / Филаделфија од 1950 до 1971 година. За последното место кое води во плеј-офот оваа сезона ќе се борат во директна пресметка Минесота и Денвер.