Во СЦ Јане Сандански денеска започнува завршниот турнир во ракометната СЕХА лига. Вардарци од 17.45 ќе играат со Мешков Брест од Белорусија додека од 20.15 часот ППД Загреб (Хрватска) ќе излезе на мегдан со Целје (Словенија).
„Црвено-црните“ и хрватскиот шампион ППД Загреб немаат пропуштено Ф4 турнир, Мешков не играше на првиот во додека тимот од Словенија е дебитант. Четата на Раул Гонзалес ќе се обиде да ја освои четвртата титула, унгарскиот состав Веспрем има две а Загреб само еднаш го подигнал победничкиот пехар.
Победниците од денешните мечеви в недела од 20.15 часот ќе се сретнат во големото финале додека поразените од 17.45 часот ќе играат за третото место.