Ракометарките на ЖРК Вардар обезбедија пласман на Ф4 завршнииот турнир од ЛШ во Будимпешта и на најдобар можен начин се поздравија со домашната публика во СЦ „Јане Сандански“, а на мечот со данскиот Митјиланд славеа со една убедлива победа и повторно со доминантна игра која изобилуваше со убави голови и потези покажаа дека заслужено патуваат на завршниот турнир.
На овој меч тренерот на Вардар Ирина Дибирова имаше многу расположени ракометарки, кои постигнаа убави и атрактивни голови, а притоа добија и аплазу о домашната публика. Сепак од сите постигнати голови,
цепелинот на Лакрабер и Лекиќ се најде на четвртото место на ЕХФ ТОП 5 листата за најубави голови постигнати во четвртфиналните реванш средби на Лигата на шампионите.