Вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, кое вчера беше одложено поради неисправност на семафорот за 24 секунди во салата „Градски парк“, ќе се одигра вечерва од 19 часот и тоа во Гостивар.
Во текот на денешниот ден се бараа опции, но истовремено се направија и обиди да се поправи семафорот за 24 секунди во салата во „Градски парк“ но управата на 14-кратниот шампион реши како заменски објект да ја понуди гостиварската сала „Младост“.
Ова е изнудена одлука бидејќи ако не најдоа брзо решение, Работнички се соочувааше со службен пораз според Пропозициите за натпреварување на МКФ. Дополчнително беше соопштено дека натпреварот ќе се игра без публика.Ова значи дека за прв пат во историјата на овие два јклуба, дуелот помеѓу нив нема да се игра во Скопје туку во Гостивар.
Последен пат овие два тима играле во Гостивар во Куп натпревар пред 24 години, а тогаш Работнички го победи МЗТ Скопје.