Ракометарите на Флензбург и на Монпелје денеска од 19.00 часот со мечот во Германија ќе ја отворат четврт-финалната фаза во Лигата на шампионите. Реваншот на теренот на Французите е закажан на 29 април.
Наредната пресметка во елитата ќе биде на 21.04.2018 г., од 18.30 ч. меѓу Киелце и ПСЖ. Возвратниот меч меѓу Полјаците и Французите ќе биде реализиран на 28.04.2018 г. Нашиот и воедно европскиот шампион, Вардар, последниот филтер пред Ф4 тунирот ќе го започне на 22 (недела) на теренот на германскиот Кил а ќе го заврши на 29. април во СЦ Јане Сандански.
Во истите термини ќе биде одигран и двомечот меѓу екипата на Нант на нашиот Кире Лазаров и составот на Скјерн од Данска. Првиот меч ќе биде во Франција а вториот во Скандинавија.