Кошаркарот на ЦСКА, Нандо де Коло, ќе ги пропушти останатите натпревари од плеј-оф серијата на Евролигата против Химки поради повреда. Како што објавија руските медиуми, повредата која Французинот ја заработи на првиот меч со Химки е посериозна и тој ќе мора да паузира од 3 до 4 недели.
Де Коло се повреди на првата средба со Химки одиграна во вторникот. лекарите констатираа повреда на левиот бутен мускул и препорачаа мирување.
Останува да се види како ќе се развива рехабилитацијата и дали ЦСКА ќе може да смета на својот можеби и најдобар кошаркар до крајот на Евролигата.