Европскиот шампион Вардар денеска го има првиот голем тест на сезоната со гостување во Германија против екипата на Кил во првиот меч од плеј-оф колото пред Ф4 турнирот во Келн. И оваа година последен предизвик пред Ф4 турнирот за „црвено-црните“ е германски тим, кој е многу опасен и денеска ќе се обиде да дојде до што е можно подобар резултат против нашиот тим.
Раул Гонзалез на заминување истакна дека Вардар го очекува еден од најтешките мечеви оваа сезона.
„Никогаш не сме играле против Кил и не знам како ќе може да одиграме против нив. Јас можам да го замислам натпреварот, но не знам дали тоа така ќе функционира и на терен. Ние играме добро, а и Кил е на сосем поинакво ниво од првиот дел на сезоната”, вели Гонзалез.
Дуелот почнува од 17 часот. Реваншот е следниот викенд во Скопје.