На првиот натпрвеар во Германија, капитенот на тимот на Вардар Стојачне Стоилов беше одличен со 5 постигнати голови, а во очекување на мечот кој се игра во недела е свесен дека нема да биде лесно и во Скопје.
„Не очекува тежок натпревар против Кил в недела. Ривалот е еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот. Имаме почит кон нив. Ние победивме таму, но не треба да не залажува тоа и треба да го заборавиме тој меч. Пласманот на Ф4 ни е единствена опција, а таму можеме да одиме само со победа која треба да ја реализираме во недела пред нашите навивачи“, истакна Стоилов.
Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17.00 часот, салата е веќе одамна распродадена, Вардар ќе ја има домашната поблика како ветар в грб, а со победа нашиот тим вторпат во историјата ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Келн.