Ракометарите на Вардар ќе ја браната титулата европски првак на завршниот фајнал-фор турнир во Келн иако денеска загубија во реваншот од Кил со 28 спрема 27 во СЦ Јане Сандански во Скопје.
„Црвено-црните“ влегоа меѓу најдобрите 4 екипи во елитата благодарение на победата на гостувањето во Германија со 29 спрема 28 или повеќе постигнати голови на гостински терен. Нашиот состав денеска имашепредност во финишот од 27 спрема 25 но, со серија грешки му дозволи на противникот да направи пирова победа.
Во битката за победничкиот пехар во Лигата на шампионите во Келн на 26 и 27 мај место обезбедија и ПСЖ и Нант на нашиот Кире Лазаров. Последниот патник ќе биде познат по реванш меѓу Монпелје и Фленсбург.