Кошаркарскиот состав Химки ќе мора да плати казан поради фрлени тврди предмети на теренот на мечот со ЦСКА Москва како и поради навреди упатени кон судиите, изјави генералниот менаџер на екипата Павел Астахов.
„Немаме добиено одговор од Евролига на нашата жалба. Знаеме дека конечниот резултат нема да се менува но, играчите, тренерите и навивачите, сакаат да знаат што мисли Евролигата за спорната ситуација“– вели Астахов.
„Не знаеме дали е некоординирана акција на записничката маса и судиската тројка? Грешка на арбитрите, грешка на записничката маса, На кој основ не е признат нашиот последен кош – постигнат е во согласност со правилата?”- нагласи претставникот на клубот од Русија.