Францускиот состав Монпелје ќе им биде противник на ракометарите на Вардар во полу-финалето во Лигата на шампионите на завршниот Ф 4 турнир во Келн.
Во вториот меч на 26 мај за влез во големото финале ќе има чисто француска пресметка меѓу Нант на нашиот Кире Лазаров и екипата на ПСЖ. Од претходно се знае дека мечевите од 1 /2 финалето ќе започнат во 15.15 часот и во 18.00.
Монпелје кој е дебитант на Ф4-турнирите му беше противник на Металург во групата Д во која го освои првото место. Во фазата на елиминации успеа да ги прескокне Барселона и Фленсбург. Вардар во сезоната 2015/16 успеа два пати во групната фаза да го победи Монпелје.