Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фелаини и Манчестер Јунајтед на преговори до крајот на неделата
    Фудбал

    Фелаини и Манчестер Јунајтед на преговори до крајот на неделата

    risteBy riste03/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претставници на Маруан Фелаини ќе одржат нова серија преговори со раководството на Манчестер Јунајтед, на крајот од оваа недела, објави „Скај Спортс”.

    Белгискиот фудбалер е пред завршување на договорот на крајот на месец јуни и можноста да го напушти „Олд Трафорд” е реална – нешто што барем менаџерот на тимот, Жозе Мурињо не сака да се случи.

    30-годишниот белгиски играч неодамна даде изјава со жалење за пристапот на клубот кон новиот договор.

    „Неколку клуба имаат интерес кон мене, па ќе видам што ќе се случи. Знам дека сите во тимот сакаат да останам, вклучувајќи го и Мурињо, но јас сакав нов договор уште минатата година, но тогаш не добив таков. Минатата сезона зборував еднаш со менаџерот на оваа тема, а потоа повторно му најавив дека сакам да потпишам нов договор, но не планирам да го молам десетици пати. Потоа се случи тоа што имав неколку добри натпревари и сите во клубот беа свесни дека погрешиле што не ми понудиле нов договор, а добрите работи имаат цена”, коментираше поранешниот играч на Евертон.

    Во понеделникот  Мурињо изјави дека клубот и агентот на играчот имаат начелна согласност за нов договор, но официјално се уште не е реализирано.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.