Сите информации велат дека и оваа година Битола ќе биде домаќин на завршницата на националниот ракометен куп. РФМ се уште официјално нема потврдено каде ќе се одржу завршниот турнир од купот, но втора година по ред по се изгледа најдобрите ракометни тимови во машка конкуренција ќе бидат во спортската сала „Младост“ во Битола.
Минатата година РК Еурофарм Работник беше коорганизатор и успеа да стигне до финалето, а годинава се предвидува дека РФМ ќе биде организатор на турнирот на кој ќе играат две скопски и две битолски екипи.
Засега е познато дека на 18 и 19 мај за кога е предвидена завршницата, Металург, Пелистер и Еурофарм Работник обезбедија место на Ф4 турнирот, а в понеделник местото таму треба да го завери и Вардар.