Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево ќе играат во ново финале во женската Лига на шампиони. На завршниот турнир во Будимпешта, денеска „вардарки“ ќе се обидат да им се реваншираат на Унгарките од Ѓер кои минатата година беа подобри од нашиот првак во финалниот меч.
Синоќа во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Будимпешта, ЖРК Вардар славепе над рускиот тим Ростов Дон со убедливи 25:19 и закажаа пресметка во финалето со бранителот на титулата, унгарски Ѓер.
Лани во финалето Ѓер по продолженија славеше со 31:30 и дојде до европската круна.