Двата најдобри наши ракометни колективи, Вардар и Металург ќе играат за освојување на трофејот во Купот на Македонија, откако двете скопски екипи беа подобри од битолските, Пелистер и Еурофарм Работник победувајќи ги во вчерашните полуфинални натпревари.
Последниот меѓусебен дуел во првенството практично го реши шампионот, Вардар победи со 19 разлика, но денес се андеваме дека ќе гледаме многу подобар натпревар во кој Металург ќе сака да биде конкурентен во борбата за Куп трофејот.
Ова е 26-то издание на Купот ан Македонија во ракомет, а во досегашната историја „црвено-црните“ имаат освоено 12 титули и денеска сакаат даго освојта 13-от трофеј. Металург ќе се обиде и ќе се бори за шестиот трофеј, но тешко е да се надева на таква сензација ако се знае разликата во квалитетот на овие два тима иако спортски е да се надеваат.
Натпреварот меѓу Вардар и Металург се игра денес со почеток во 16.30 часот во салата „Младост“ во Битола. Досега покрај Вардар, Пелистер и Металург, по еден трофеј во Купот на Македонија имаат освоено и Борец, Куманово и ТК Бренд.
Вардар – 12 (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017)
Металург – 5 (2006, 2009, 2010, 2011, 2013)
Пелистер – 5 (1995, 1996, 1998, 1999, 2005)
Борец – 1 (1994)
Шевро Куманово – 1 (1993)
Тутунски комбинат Бренд – 1 (2002).