Кошаркарите на Работнички ја освоија титулата во кошаркарсиот шампионат на Макеоднија.
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб пред својата публика во „Градски парк“ го совлада големиот ривал МЗТ Скопје со 87:84, со што ја доби финалната серија во кошаркараската супер лига со максимални 3:0 и го врати трофејот во своите витрини.
Вистински дерби натпревар со драматична завршница и помирна рака на домачните во последните секунди од натпреварот.Во поголемиот дел од натпреварот МЗТ Скопје имаше предност, дури во 32 минута од средбата Работнички за прв пат дојде до предност (64:63) и успеа да ја задржи истата за победа која му го донесе трофејот по пауза од 9 години.
Најефикасни во редовите на победничката екипа беа Костов со 19 поени, додека Караџовски постигна 17 поени, а кај МЗТ Скопје, Бојиќ заврши со 17 поени, Стојановски беше стрелец на 16 поени, додека Лалиќ финишира со 15 поени.
Со ова Работнички ја прекина доминацијта на МЗТ Скопје во мак кошарката и ја врати титулата во „Градски парк“ по пауза од 9 години.