Во дуелот ан две француски екипи, Нант и ПСЖ поуспешна беше екипата која не беше фаворит и направи изненадување.
Сепак самиот тек на средбата го покажа спротивното, Нант беше тимот кој доминираше во текот на целиот натпревар и имаше предност. Екипата на Нант дојде до прва посериозна предност во првиот дел кога имаше 5 гола разлика (13:8, 15:10 и 16:11), но на полувреме се замина со 17:14 за Нант.
Во вториот дел Нант ја одржуваше предноста , а највисоката предност од +6 ја имаше во 34.минута кога водеше со 20:14. Најсериозно ПСЖ се закани на 2.5 минути пред крајот кога беше 30:28, а Нант играше со двајца исклучени играчи, но Хансен не реализираше пенал и тоа ги сруши надежите на ПСЖ да дојдат до позитивен резултат. Од друга страна Нант постигна уште два гола за победа од 32:28.
Најдобри во победничката екипа беа Турна и Лазаров со по осум гола, додека Балагер даде четири погодока.Кај ПСЖ се истакнаа Ремили со шест и Хансен со пет гола. Нант сега го очекува победникот од мечот Вардар – Монпеље за противник во утрешното финале од 18.00 часот.