Ракометарите на Вардар денеска против ПСЖ од 15.00 часот ќе се борат за третото место на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите кој се одржува во германскиот град, Келн.
Вчера „вардарци“ загубија од Монпелје додека ПСЖ беше поразен од тимот на Нант. Големото финале меѓу Монпелје и четата на нашиот Кире Лазаров во „Ланксес Арена“ ќе започне во 18.00 часот. Третпат во историјата на „фајнал-фор“ турнирите, две екипи од иста држава ќе се борат за победничкиот пехар.
Претходно тоа го направија Атлетико Мадрид и Барелона (2011) и Фленсбург и Кил (2014). Треба да се напомене дека Нант е третиот дебитант кој стигнал до финалето. Тоа претходно го направија Фленсбург (2014) и Вардар (2017).