Машката ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир во Скопје пред бараж-двомечот со Романија за пласман на СП 2019 во Германија и Данска. Ракометарите напрво се собраа во хотелот „Александар Палас“, а потоа го одржаа и првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“.
Сселекторот Раул Гонзалес на првиот тренинг не можеше да смета на Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вчера со нивните клубови ги одиграа последните натпревари во Бундеслигата, па дополнително ќе се приклучат во наредниве денови.
Инаку, првиот меч со Романците го играме во Скопје в недела, а реваншот е на 13 јуни во Клуж.