Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес беше екслкузивен гост во програмата на Спортското радио 90,3 каде зборуваше за она што ја очекува нашата селекција, бараж натпреварите со Романија.
Раул Гонзалес низ разговорот во нашата програма потенцитраше дека е задоволен од неговиот предстој во Скопје и Македонија и никогаш нема да го заборави она што му се случило во текот на годините поминати во Вардар како тренер.
Селекторот Раул Гонзалес останува да работи со ракометарите на Македонија, а очекува дека ќе изборат уште еден пласман на големо натпреварување како што е СП во Германија и Данска.