Убедливите плус 8 кои нашите ракометари ги обезбедија на првиот меч од баражот со Романија во Скопје се доволна гаранција дека нашата селекција треба да ја видиме на уште едно големо натпреварување. По синоќешниот дуел во Скопје, селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалез не го криеше своето задоволство од победата.
„Тука го одигравме само првото полувреме од двомечот со Романија. Ние имаме осум гола разлика, но треба да знаеме дека и таму ќе биде тешко. Романија има добра екипа, имаат добар тренер и ќе се подготват подобро за реваншот. Не смееме да се опуштиме зошто ќе биде тешко“, потенцираше Раул.
Македонија во вторник заминува за Романија, каде во среда во Клуж ќе го одигра и возвратниот натпревар.