Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани, кој предвреме го напушти мечот со Португалија поради повреда, може да го пропушти дуелот со Франција.Уругвајците објавија дека Кавани ќе тренира одвоено од другите и дека ќе има редовна терапија. Доколку врвниот голгетер не биде во можност за настап, тогаш селекторот Табарез најверојатно ќе го уфрли во нападот Стуани.
Фудбалската федерација на Германија донесе одлука Јоаким Лев да остане на кормилото на селекцијата иако „панцирите“ во улога на светски шампиони сензационално беа елиминирани уште во групната фаза на собирот во Русија. Весникот „Билд“ објави дека одлуката е донесена денеска по заедничкиот состанок на Лев со челниците на германската куќа на фудбалот. Лев ќе остане селектор и во Лигата на Нации како и во квалификациите за ЕП 2020.
Фудбалерот на Белгија, Кевин Де Бруин, потенцира дека неговата селекција сосема заслужено ја совлада Јапонија со 3-2 и си обезбеди место во 1/4 финалето на СП во Русија.„Можеби делува дека ние се извлековме, но, мислам дека не е така ако се анализира добро целиот натпревар. Имавме неколку одлични шанси и можевме да им дадеме на Јапонците и пет голови“, изјави Кевин де Бруин.